Категории

Гледање на судбината на шоља кафе (значење на симболите)

Судбината се гледа од талогот на секогаш свежо сварено турско кафе кое мора да биде јако и густо.

Празната шолја треба три пати да се сврти во насока на стрелките на часовникот за талогот да се распореди по шолјата. Потоа шолјата треба да се покрие со тацната и така да се сврти.

Така шолјата оставете ја неколку минути за талогот да се исуши и да се создадат симболите. Се гледа само од првата испиена шолја кафе.

Алигатор
Опасност, тајни непријатели

Ангел
Добри вести, радосно изненадување, среќа на патот или во домот, заштита

Автомобил
Среќа во започнатите работи, посета, патување, неочекувани промени на добро, но ако е свртен надолу спрема дното на шолјата, а пред него ако стои личност не е добар знак/несреќа.

Авион
Изненадно подолго патување, среќа, напредок, добри вести, неочекуван подарок, ако е преполовен несреќа.

Баба
Жал во домот

Балон
Краткотрајни неприлики, идеализација на некоја ситуација или личност, ја преувеличувате сериозноста на ситуацијата

Бебе
Ако е на дното на шолјата значи помалку проблеми, повеќе бебиња значат неочекуван неуспех,

Бик
Самостална личност сте, за жена некој ќе ви се додворува, за маж кавга со пријателката

Брод
Остварување на плановите, позитивен исход со доцнење, неочекувана добивка, богатство, заштита

Црква
Церемонија, духовна преобразба, напредок

Црв
Грижи, пропаднати планови, застој во активностите, кавга

Цвеќе
Парична добивка, само еден цвет значи дека ќе ви се исполни желба

Чорап
Оговарање

Чаша
Здравствени проблеми, посета на доктор, ново познанство

Чешел
Голема загуба, вест за несреќа, грижи

Чизми
Заштита од болка и несреќа, помош од непозната личност

Човек
Посета, ако е јасна исправена фигура во близината на рачката на шолјата ќе имате гостин, ако има исправена рака ќе ви донесе подарок

Чад
Судење

Дама
Чест и признание

Делфин
Радост, веселба, успех

Дете
Ново пријателство или принова во семејството, успешна работа и признание

Детелина со 4 листа
Голема среќа, успех, можна добивка во игри на среќа

Дрво
Позитивен знак, радост, успех, остварување на надежта

Џамија
Успеј, среќа по тешка работа

Џезве
Добри вести

Џип
Успех во работата

Џокеј
Шпекулации

Фенер
Ќе дознаеш дека некој украл нешто од тебе

Флаша
Веселба, радосна средба, прослава

Гајда
Разочарување

Градина
Весело друштво

Галеб
Љубовно писмо, романса

Гавран
Тажни вести, неволја

Гитара
Подарок, почеток на нова работа

Гнездо
Среќа во семејството

Гулаб
Писмо со добри вести, среќа на коцка, ако лета ќе добиете многу важни вести.

 

1 2 3

Прегледи:
556