Категории

Гледање на судбината на шоља кафе (значење на симболите)

Гранка
Ќе му помогнете на пријател во невоља

Грмушка
Пријатно друштво

Гроб
Несреќа, тага загуба, на дното на шолјата најавува смрт во семејството, а на страна смрт на некој од вашата околина.

Глушец
Загуба, штета, ситна кражба, чувајте се од крадци

Харфа
Долготрајна среќа, симбол за хармонија и задоволство во семејството

Играчка
Носталгија, игра

Икона
Радост во семејството

Инсект
Можни грижи

Јаболка
Почеток на љубов, нова љубов, познанство, бакнување, плодност

Јавач
Брзи вести

Јахта
Опкружени сте со неискрени луѓе

Јаре
Благосостојба, почеток на нешто добро, напредок, успех

Јарец
Конкуренција на работа

Јастреб
Судски проблеми, загуба

Еднорог
Тајна љубов, некој потајно е вљубен во вас

Езеро
Среќна љубовна врска

Кактус
Штета, опасност, депресија

Камења
Потешкотии

Канџа
Непријател, канџи на шепа се знак за голема опасност, водете сметка што зборувате

Канта за ѓубре
Болест

Камшик
Енергија, сексуалност, активност, агресија

Капа
Почитување,откривање на тајни

Кафез
Ќе ја изгубите слободата, депресија, незадоволство,

Кит
Ви претстои поволен период, успех на сите животни полиња особено работата

Клуч
Симбол на просветлување, нови интереси, богатство, успешно ќе решите некои проблеми

Кочија
Разочарување

Куфер
Нова работа, ве очекува интересно и значајно патување

Костур
Болест,сиромаштија, загуба

Куче
Верност и лојалност од пријателите или партнерот, близу дното на шолјата означува дека на вашите пријатели им е потребна помош

Лебед
Мир и задоволство, поволен период, љубов, романтика

Ламба
Забава, решение, ако ламбата е близу рачката на шолјата значи пари, во близина на дното на шолјата најавува прослава, а ако е на дното на шолјата ќе загубите некој предмет, две ламби венчавка

Ланец
Храброст, сигурен успех, цврста врска, покана за свадба, брак или деловно партнерство

Лав
Ќе ги победите непријателите, поддршка и помош од влијателни личности, успех во работата, имате добри и искрени пријатели, ве очекува добар период

Лимон
Радосна вест, ќе оздравее некоја болна личност

Лисица
Мудрост, лукавство, неискреност, измама, лажни пријатели

Меч
Ќе го уништите непријателот, некој ќе ви направи чест, борба

Мачка
Тајна љубов, неверство, лицемерие, лажни пријатели, разочарување во луѓето на кои им верувате

Магаре
Не очекувајте никаква помош од пријателите, треба да бидете трпеливи

Мајмун
Некој се обидува да ве излаже, бидете внимателни за да не се посрамите

Маска
Опкружени сте со неискрени луѓе, лаги и измами околу вас, ќе бидете разочарани од некоја тајна која се криела од вас.

Медал
Награда

Метла
Треба да се преиспитате сама, можеби се занимавате со погрешна работа, наскоро ќе ги решите проблемите,

Монструм
Терор, насилство

Накит
Промени, надевајте се на среќен период

Нараквица
Средба со пријател кој ве обожава, долготрајно пријателство

Нога
Можно е кратко патување, ако ногата е свртена кон дното тогаш ќе ви дојдат гости, ако е кон работ на шолјата некој ќе си оди од вашиот дом, ако е втисната на самото дно на шолјата очекувајте гостин многу брзо.

Нокти
Неправда, незадоволство, неуспех

Нос
Некој се распрашува за вас, големо признание, мал нос значи помало признание.

Облаци
Среќни моменти, ако се темни облаците тоа е предзнак за големи финансиски проблеми, ако се светли облаците тоа е најава за подобар живот, но и дека ќе се решите од проблемите со многу труд, ситни облаци значат оговарање, а ретки облаци пари.

Ограда
Препреки, не барајте премногу, ограничете ги своите планови

Огрлица
Среќа во љубовта, ако е прекината значи крај на љубовна врска.

Око
Некој сака да ве виде, сите проблеми ќе исчезнат

Октопод
Опасност

Орел
Работите во животот ќе тргнат на подобро, можна преселба, сила, подвижност,

Оружје
Кавга

Обувки
Новост или нови почетоци, промена на подобро, ви претстои пат или некој ќе ви дојде на гости, машка обувка најава за успешно патување, женска обувка гости во домот

Овен
Благосостојба, задоволство

Оган
Големи достигнувања, брзина, имајте разбирање з другите луѓе

Пакет
Изненадување

Палма
Среќа, успех и задоволство во сите области од животот

Пантер
Ќе ви се исполнат желбите

Пеперутка
Неочекуван поволен расплет на ситуацијата, трансформација, слобода, успех, флерт

Папагал
Озборување, голема кавга, скандал

Паричник
На врвот на шолјата значи добивка, а на дното загуба

Патка
Плодност, бременост, работата која сте ја започнале ќе биде успешна, ќе излезете од проблемите, парите кои ги очекувате наскоро ќе пристигнат

Пчела
Ќе запознаете нови пријатели, ќе слушнете добри вести, успех и финансиска добивка

Петел
Неверство, ќе ставите крај на врската

Пиштол
Немојте да ги кршите законите, не носете избрзани одлуки

Полицаец
Таен непријател

Рак
Непријатели, колегите ви завидуваат

Рептил
Ќе се разочарате во пријателите

Рид
Успех по тешкотиите, повеќе ридови значи препреки на патот до успехот

Риба
Грижи, болест, мали риби мали проблеми

Рог
Ви се доближува опасност, бидете внимателни од влијателните луѓе од вашата близина, лажните пријатели сакаат да ве измамат

Рака
Пријателство, ќе добиете помош и поддршка

Ракавица
Голем предизвик

Ружа
Среќна вест, среќа, популарност, добро здравје

Санта лед
опасност

Санка
Несакана принова

Сирена
Се наоѓате во чувствителен период, чувајте го угледот и борете се за своите ставови

Секира
Опасност, бидете внимателни, избегнувајте кавги, моментално не започнувајте ништо ново

Слон
Симбол за среќа, успех, голема добивка

Срце
Голема љубов, кога е на дното ќе остварите ново познанство, некој ќе ви се додворува

Стол
Добивка, неочекуван гостин, потреба за одмор

Сонце
Среќа во сите работи, конечно лошиот период ќе заврши, моќ, успех

Шатор
Потреба за одмор, патување, скромност

Шешир
Чест, дискретност, пред вас е среќен период

Шкорпија
Чувајте се од изненадна опасност, освета

Шолја
Почеток на ново пријателство.

Телефон
Неочекувани вести, непријатност и неволји

Телескоп
Авантура

Тенк
Опасност

Товар
Ново предизвици

Топ
Ќе слушнете вест од некое лице во униформа

Јадица
Опасност

1 2 3

Прегледи:
17429
Објавено на:
06.03.2016