Категории

Глобалната сензација POSTMODERN JUKEBOX во Скопје!

Во Македонска филхармонија на 14. декември 2018. година, со желба Скопје и Македонија да бидат навистина исполнети со различни музички доживувања на светско ниво, Авалон Продукција се потруди оваа година во Скопје да ја донесе веројатно најголемата и најинтересна концертна атракција во светот моментално, музичкиот колектив POSTMODERN JUKEBOX.

Како што веќе сигурно знаете, POSTMODERN JUKEBOX е музички колектив кој што во тотален винтиџ стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи во кои што на специфичен кабаре начин изведува песни во опсег од Radiohead и The White Stripes, па се` до Lady Gaga, Strokes и уште многу други.

Настапите на POSTMODERN JUKEBOX во суштина претставуваат врвно џез и свинг кабаре кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи низ светот кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на Јутјуб воопшто и да не зборуваме.

За нивниот настап во Скопје е одбрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за ваков тип на шоу. Билетите кои ќе бидат пуштени во продажба од 14-ти јуни (четврток) во 09 часот наутро, ќе може да ги побарате онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се и во Југотон, по следниве цени и категории:

SILVER SEATS – 1.500 денари

GOLDEN SEATS – 1.990 денари

ВИП – 2.400 денари

Најверните фанови можат да набават и ВИП пакет на веб страницата www.postmodernjukebox.com по цени од:

VIP GOLD – 7.025 денари со кој добивате: премиум место во првите 10 реда, meet & greet, ексклузивен PMJ tour print limited edition и vip pass,

VIP SILVER – 4.560 денари со кој добивате: премиум место во првите 10 реда и ексклузивен PMJ tour print limited edition.