Го фрлил фрижидерот во провалија, но кога стигнало видеото до полицијата морал да го извлече! (ВИДЕО)

Овој маж се осмелил да фрли фрижидер во една провалија во Шпанија, потсмевајќи се на иницијативата за рециклирање, но набргу бил приморан да го извлече оттаму и да се ослободи од него на прописен начин. Освен тоа, ќе одговара и на суд!

Шпанската полиција го идентификувала мажот кој работи во една компанија за дистрибуција на апарати за домаќинство. За него се дознало од видеото како го фрла фрижидерот кое набргу се проширило по социјалните мрежи.




Коментари

коментари