Го исполниле договорот: „Ако бидеме сами до 40, ќе се венчаме“

Парот кој раскинал во дваесеттите години од животот, по раскинувањето се договориле да се венчаат доколку до четириесет години бидат сами. По повеќе случајни средби, болни раскинувања, сепак завршиле заедно.

Mairi Gordon (45) и Rhys McLellan (43) по случајна средба во 2015. почнале повторно да се дружат, се заљубиле и се венчале во 2017. година во Единбург. На дваесет години биле пар, но во 1995. година решиле да раскинат, а притоа склопиле пакт да се венчаат доколку бидат сами до четириесет години.

Mairi вели дека Rhys е љубовта на нејзиниот живот, а во 2009. случајно го сретнала прв пат откако раскинале.

„Отидов со пријателка на модна ревија организирана за добротворни цели, а Rhys волонтираше во тоа добротворно друштво и работеше на таа ревија и така го сретнав. Но, во тој момент и двајцата имавме партнери и ниеден од нас не презема ништо.“ се присетува Mairi.

Три години по средбата Mairi раскинала 12. годишна врска и се преселила во Единбург. Ниеден од нив двајца во текот на тие години не стапил во брак ниту пак имал деца. Rhys во тоа време бил во повеќе кратки врски, но поглемиот дел од времето го поминал како самец.

„Еден ден ги сретнав неговите мајка и сестра и на крај им го побарав неговиот број. Излеговме на пијачка и си поминавме убаво, но јас уште патев по поранешното момче“, објаснува Mairi.

„Една година подоцна дознав дека мајка му на Rhys има рак и дека е во болница. Му се јавив за да му пружам поддршка и да го запрашам дали можам некако да му помогнам. Полека започнаввме повторно да се зближуваме и неколку месеци подоцна почнавме да излегуваме. Но, се чувствував несигурно и ја прекинав врската, иако повторно се заљубив во него. Се плашев да не бидам повторно повредена“, објаснува Mairi.

Дури во 2015. Rhys и Mairi одлучиле повторно да бидат во врска и да си дадат шанса. Тоа се случило по една незгода која и се случила на Mairi на работното место. Тој бил цело време со неа. Разговарале, се смееле, подготвувале заеднички оброци. Во тие моменти таа се повеќе сфаќала дека тој е мажот кој го чекав целиот живот и дека никогаш не престанала да го сака. Тој самиот за неа вели дека е љубовта на неговиот живот.

„Следната година се веривме. Тоа беше вистинскиот чекор за нас. Честопати се присетувам на мојата мајка која ми велеше дека тоа што е за мене нема да ме размине, а да не го забележам. И навистина беше така.“ заклучува Mairi.




Коментари

коментари