Го ризикуваат својот живот за ние да уживаме во магичната глетка: Вака изгледа една од најтешките професии во светот!

Секому е својата мака најголема, вели старата изрека и веројатно е апсолутна вистина, но само од една причина – бидејќи честопати не сме способни да се „ставиме во туѓа кожа“.

Дали некогаш сте помислиле како им е на луѓето кои се задолжени да соберат доволно лед за да се изградат сите оние прекрасни ледени хотели и фестивали со скулптури од лед ширум светот на кои им се восхитуваме и во кои едно ноќевање се наплатува и по неколку илјади евра?

Овие луѓе во најголемиот студ ја разбиваат површината на заледените реки и извлекуваат санти мраз, влечејќи ги со помош на јажиња, користејќи ги сите атоми на сила кои во себе ги имаат.

Ви претставуваме глетка од работниците на реката Сонгу во Кина и нивниот напор во текот на целиот ден за ние да се восхитуваме и да потрошиме пари за нешто за кое тие буквално крваво работат.

Ја разгледувате галеријата од топлиот кревет или удобната загреана канцеларија?




Коментари

коментари