Категории

Го штити срцето, ја подобрува меморијата: Еве зошто треба да пиеме чај секој ден

Чајот е од големо значење за добро здравје и долг живот – еве кои болести можат да се спречат со редовно консумирање на овој пијалок!

 

Многумина од нас пијат чај само кога ќе се разболат, а факт е дека треба да се пие секој ден.

Прво, чајот е многу добар за срцето. Се препорачува да се консумира четири до пет чаши црн или зелен чај на ден за да ја подобрите кардиоваскуларната функција, да го намалите крвниот притисок и да го намалите ризикот од срцев и мозочен удар.

Покрај тоа, зелениот и црниот чај значително го намалуваат нивото на лош холестерол што е поврзано со кардиоваскуларен ризик. Една студија која траела 12 недели открила дека три чаши црн чај на ден го намалуваат нивото на опасни триглицериди за 35,8 проценти, а односот помеѓу лош и добар холестерол се подобрил за 16,6 проценти.

Зелениот чај влијае најдобро за намалување на нивото на холестерол, а неколку студии покажаа дека редовното конзумирање на зелен чај значително ја подобрува когнитивната функција. Исто така, нормално е когнитивните функции да опаѓаат со возраста, но овој пад е помал кај оние кои редовно пијат чај.

 

Една студија исто така открила дека луѓето што консумираат црн чај поминале малку подобро на тестови за кои е потребно внимание.

„Вториот најпопуларен пијалок во светот, после водата, чајот, навистина придонесува за дневните когнитивни функции“, велат авторите на студијата.

 

Кога станува збор за чајот, треба да се спомене и дека помага во одржување на оралното здравје – чајот е природен извор на флуор, па затоа помага да се одржуваат забите здрави.

Прегледи:
363
Објавено на:
09.12.2019