Го славиме Меѓународниот ден на чоколадото: Не е само десерт, туку и уметност!

Дали сте знаеле дека на омилениот и најпродаваниот десерт во светот му се посветени дури четири денови во годината? Еден од нив е токму денес, 13. септември!

Примарниот Светски ден на чоколадото се слави на 7. јули, а постојат и два Национални – 28. октомври и 28. декември, како и Меѓународниот ден на чоколадото, кој се одбележува на 13. септември.

Верувале или не, луѓето толку многу сакаат чоколадо, што постојат и Национален ден на млечната чоколада, Национален ден на бела чоколада и Национален ден на какао.

Денешниот, меѓународен ден на чоколадо се одбележува во чест на Милтон Херши, основачот на фабриката за чоколадо Херши, кој е роден на 13. септември 1857 година.

Денес, чоколадото не е само десерт, туку е симбол на хедонизам, подарок за најдрагата личност… Доаѓа во најразлични облици и вкусови, а некои слаткари толку се „опседнати“ со чоколадото, што создаваат уметнички дела од него!

Во галеријата погледнете ги најубавите, но и најчудни облици од чоколадо.




Коментари

[fbcomments]