Го замолив Бога да ми подари еден пар нови чевли…

Десетгодишно момче застанало на улица пред излогот на продавниицата за чевли. Од потполно искинатите патики кои ги имал на себе излегувале босите, валкани прсти. Времето било ладно. Тој се тресел од студ.

Му пришла една жена: „Што гледаш толку внимателно, мал пријателу?“, го запрашала.

„Го замолив Бога да ми подари еден пар нови чевли, па се прашувам длаи можеби некои од овие се за мене“, тажно одговорило момчето.

Жената го земала со себе и заедно влегле во продавницата. Го замолила продавачот да и донесе шест пара детски чорапи и едни чевли, како и малку топла вода и пешкир.

Кога продавачот донел сѐ, жената го одвела во еден агол од продавницата, му ги соблекла искинатите патики, му ги измила малите, студени стапала и му облекла нови чорапи. Потоа му ги облекла чевлите, а преостанатите чорапи му ги спакувала во кеса и му ги дала.

„Сега е малку подобро, зар не?“, го запрашала жената момчето и се свртела да си оди. Момчето ја фатило за рака и ја прашало:

„Дали си ти жената на Бога?“

„Не сум, само мислам дека верата без дела не значи ништо“, кратко одговорила и си отишла.




Коментари

[fbcomments]