Категории

Годишно по една када алкохол за секој Германец

Во Германија се консумираат големи количини алкохол. Според годишниот извештај за болестите на зависност- годишно секој Германец пие во просек по една када полна со алкохол.

Според последните податоци, потрошувачката за алкохол во Германија во 2017 година била околу 131 литар по човек, што е околу 2% помалку во однос на претходната година, објавила германската Централна канцеларија за зависности во Берлин.
Меѓутоа, тој благ пад не е причина за прослава, се наведува во извештајот. 131 литар одговара на када полна со алкохол, што е премногу.
Во извештајот последни податоци за консумацијата на алкохол се наведуваат тие од 2017 година.

Прегледи:
432
Објавено на:
30.04.2019