Голем успех на нашите студенти: Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“Јужна Кореја

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ остварен од наши студенти на Машинскиот Факултет Скопје, освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“Јужна Кореја.

„Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:

  • Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област
  • Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија
  • Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Преземено од: https://www.mf.ukim.edu.mk/mk




Коментари

[fbcomments]