Голи сандали: Ова е најголемиот моден тренд за ова лето! (ФОТО)

Британскиот Вог веќе ги нарекува најголем тренд за летото 2019. кога станува збор за обувки.

Таканаречените голи сандали препознатливи се по минималистичкиот дизајн и тенките ременчиња, а во оваа категорија може да ги сместиме сите модели со отворени прсти и пета, независно од висината на штиклата со неколку тенки ременчиња кои ја придржуваат ногата при движењето.

Со обзир на тоа дека се многу отворени, ногата во нив делува „голо“. Ваквиот минимализам на многумина им делува несигурно, особено кога станува збор за дневни пригоди во кои се движиме повеќе. Иако можат да бидат многу убави, тие не се многу функционални, па постојат и оние кои се сомневаат во нивната доминација во наредните месеци.




Коментари

коментари