Категории

Говорете македонски: Презентерката Татјана Стојановска „ги искара“ своите колеги на Фесјбук

Медиумите отсекогаш имале чудна магија, како и работата во нив. Фатална привлечност, што би се рекло, помеѓу оној што во нив работи и самиот медиум.

Особено кај оние што се појавуваат пред микрофонот и камерата во електронските медиуми. Со тек на времето љубовта кон работата дури преоѓа и во професионална деформација!

Во потсвеста ти останува професионалната навика, па се случува дури и кога по дома мијеш садови, да ги ловиш туѓите грешки! До душа, не секому, ама на Татјана Стојановска, на пример – да!

Нашата долгогодишна ТВ презентерка ова јавно си го признава. И веројатно нема ништо лошо во тоа, освен што, веројатно малку си им здодевен на домашните… Ама ако! Како поинаку најмладите во семејството ќе научат правилно да го говорат мајчиниот јазик? Мајчинскиот совет е најдобрата школа, секако!

Ама како ли ќе те сфатат оние на кои не си им мајка, а нешто одвнатре те тера да им делиш совети, да им ги коригираш грешките… и тоа јавно, на Фејсбук?

Кој како? Оние со доблест… веројатно правилно! Останатите… со возвратен статус на нивниот Фејсбук профил! Откако ќе се препознаат

Прегледи:
779
Објавено на:
15.12.2016