Категории

Говорот на моќните луѓе: Совршена доза на самодоверба и скромност

„Кога малку ќе размислите за тоа, ќе видите сами дека успешните луѓе обично не викаат. Тие едноставно го кажуваат тоа што го имаат, а луѓето ги следат. Тие ја имаат таа моќ“. – Ерика Слезак …

Тие зборуваат на „здрав“ начин, совршено комбинирајќи ја самодовербата и скромноста во оптимални дози. Тие знаат да инспирираат и да ги водат другите во акција.

 

Тие, успешните и моќните луѓе, никогаш нема да ги изговараат следниве реченици:

 

  1. „Ова не е мој проблем“.

Успешните луѓе сакаат проблеми. Тие сакаат предизвик за појадок, ручек и вечера и со задоволство бараат решенија. Успешните луѓе никогаш нема да се обидат да ја избегнат одговорноста, туку ќе ја прифатат со една шармантна реченица „Ова е за мене, ќе се справам со тоа“.

Први се кога треба да се прифатат некои одговорности, а последни се кога станува збор за заслуги.

 

  1. „Јас работам сам / сама“.

Моќните луѓе имаат големо разбирање дека ако работите во група и паметно ја поделите работата – сè ќе оди како што треба, а можеби и подобро од тоа. Тие не го избегнуваат изразот „Не знам“ и можат да побараат помош и покрај тоа што се во позиција на водач. Нивната гордост не стои како пречка на патот и таквиот однос создава непоколеблива доверба кај соработниците.

Тие се концентрираат на позитивното и ги третираат сите исто – со почит.

 

  1. “Искрено, дозволете ми да ви кажам …”

Моќните знаат дека нема потреба да ја започнуваат реченицата со зборот „искрено“, затоа што тоа би значело дека другите реченици – кои не започнуваат на тој начин – се сомнителни. Тие се трудат искрено да разговараат со своите соработници, да им ги дадат сите информации што ги имаат, и затоа се многу почитувани и подолго време се на висока позиција.

 

  1. „Тоа е невозможно“.

Успешните луѓе свесно избираат да живеат во свет во кој непознатото детално се истражува, водени од слоганот „Можам да го направам тоа“. Тие смело одат напред кон решение.

 

  1. „Не ми е грижа што мислат другите“.

Тие се грижат за тоа што мислат другите, затоа што прво се грижат за другите. Тие се фокусирани на тоа како да ја направат најдобрата можна соработка и затоа успешно градат пријателства и деловни контакти каде и да одат.

Прегледи:
428
Објавено на:
05.11.2019