„Грејс од Монако“ на Оливер Дахан ќе го отвори 67-от Кански филмски фестивал

„Грејс од Монако“ на францускиот режисер Оливер Дахан ќе го отвори овогодинешниот Кански филмски фестивал. Премиерата ќе се одржи на 14-ти мај во театарот Лумиер. Филмот ќе биде прикажан како дел од официјалната селекција надвор од конкуренција. „Грејс од Монако“ ќе следи веднаш по „Големиот Гетсби“ на Баз Лурман.

Филмот прикажува период од животот на американската актерка Грејс Кели (во улога на Никол Кидман) која во 1956 година станува принцезата Грејс од Монако откако се мажи за принцот Раиниер Трети (Тим Рот); нивниот брак се сметаше за „брак на векот“. Грејс Кели соработувала со познати имиња од филмската индустрија (Џон Форд, Алфред Хичкок, Фред Цинеман). Се прославила како филмска ѕвезда и пред да го добие Оскарот. И покрај неколкуте потешкотии во нејзината „улога“ како принцеза, шест години подоцна Хичкок ја повикува назад во Холивуд за да глуми во неговиот филм „Марни“. Во тоа време Франција се заканувала дека ќе го оданочува Монако, дури и дека ќе ја припои неговата територија и тоа токму кнежевството во кое монарх била Кели. Дали продолжила да биде актерка? Дали навистина била принцеза на Монако?

Во главните улоги се Никол Кидман како принцезата Грејс Кели и Тим Рот кој го игра ликот на принцот Раиниер. Во споредните улоги се Франк Лангела, Паркер Поси, Џин Балибар, Сер Дерек Џејкоби и Паз Вега која ќе го игра ликот на Марија Калас. Продукцијата и сценариото на фимот се на Пјер-Анж ле Погам, Удај Чопра и Араш Амел. Филмот е снимен со сооднос од 2.35 и 35 mm Кодак лента. Режисер на фотографијата е на Ерик Гутиер. Филмот се снимал 16 недели на локации во Монако, Јужна Франција, Париз, Винтмил, Ганд и Брукселес.

Режисерот на филмот, Оливер Дахан (1967) е режисер и на „Живот во розово“ (2007) (La Vie e Rose) кој ѝ обезбеди Оскар за најдобра актерка на Марион Котилард во 2008-та година. „Грејс од Монако“ ќе биде премиерно прикажан на отворањето на фестивалот, 14-ти мај, среда, во Франција и во неколку други градови ширум светот.
Во соработка со Канал+ (Canal+), отворањето на фестивалот ќе се прикажува во живо во неколку кино сали кои се дел од фестивалот.




Коментари

коментари