Категории

Градот кој ги засени и најголемите метрополи: Бангкок е најпосетувана дестинација за 2016 година, а еве и зошто (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Туристите речиси да се презаситија од Ајфеловата кула, Биг Бен, или пак Тајмсквер во Њујорк и одлучија да направат голема промена во нивната туристичка мапа за оваа година, а доказ се резултатите од повеќе светски интернет туристички страници.

Бангкок е најпосетуваниот град во светот за изминатава година со вкупно околу 21 милион туристи.

Метрополата според бројот на туристи сега потполно ги засени најголемите светски градови и застана рамо до рамо со Лондон, Париз и Дубаи.

Во главниот град на Тајланд можете да ги посетите и најубавите места претставени преку овие фотографии.

Богати храмови, големи километарски улични пазари, зелени паркови и автентична архитектура е само дел од она во кое што можете да уживате во новата светска дестинација.

Прегледи:
457
Објавено на:
16.11.2016