Грациозна и драматичана колекција на Oscar de la Renta за есен 2018

Дизајнерското дуо Лаура Ким и Фернандо Гарсија ја претставија есенската колекција на модната куќа Oscar de la Renta за 2018 година.

Колекцијата беше претставена во типична сончева атмосфера и препознатлива позадина за брендот. Изобилството на грациозност и елеганција преточени во раскошни миди фустани од тул, детално изработени со декадентни кристали, везови и украси не беа изоставени.

Креациите со доза на драматика со сигурност ќе бкдат едни од омилените на црвениот тепих во претстојната сезона на навради. Во колекцијата исто така бран свежина донесоа и секојдневни кежуал парчиња како кошули и панталони со впечатливи принтови, јакни и капути.




Коментари

[fbcomments]