ГРЕШКИ КОИ ГИ ПРАВИТЕ ПРИ ПЕГЛАЊЕТО НА КОСА?

Пеглата за коса е еден од омилените “beauty” додатоци на долгокосите девојки, а

бидејќи е доста познато колку ја оштетува косата, фризерите велат дека штетното

дејство може значително да се намали со правилна употреба…

 

1.Ја ставате на највисока температура

Многу девојки пеглата ја ставаат на највисока температура и така ги оштетуваат врвовите

од ден на ден. Средната температура е сосема доволна за убава фризура.

2.Повеќе пати поминувате преку еден ист прамен

Пеглата за коса делува брзо па не е потребно повеќе пати да поминувате преку еден ист

прамен.

3. Заборавате на заштитата

Ако често користите пегла за коса, важно е да набавите и производи кои ќе ја заштитат

косата од топлината.

4. Ја пеглате косата додека е мокра

Вашата коса е сеуште мокра, а вие сеедно ја пеглате и ја занемарувате пареата која

излегува од неа. Косата секогаш пеглајте ја кога ќе биде целосно сува, бидејќи во

спротивно уште повеќе ќе ја оштетувате.

5. Не користите правилна нега

Ако имате навика често да користите пегла или фигаро, важно е редовно да ја негувате

својата коса со хранливи маски, регенератори и препарати за обнова на врвовите.

 




Коментари

коментари