Грешки кои несвесно ги правиме секој ден, а му штетат на нашето здравје

5 грешки кои секојдневно ги правиме во текот на туширањето

Малкумина од нас всушност размислуваат за тоа, но секојдневниот ритуал на туширање поголемиот дел од нас го прават погрешно. Постојат некои правила кои можеме да ги промениме, за да го сочуваме нашето здравје.

Претерано врела вода
Многу врелата вода која понекогаш достигнува и до 50 степени, ја прави кожата сува и испукана. Таа ти отстранува природните масла од кожата и ја прави незаштитена а воедно и го забрзува крвотокот и често доведува до црвенило, воспаление и осип. Идеалната температура на водата не би требала да преминува 35 степени.

Предолго капење
Долговременото камење премногу ја исушува кожата, а доказ за тоа е осипот и перутањето на кожата. Оптималното траење на туширањето е околу 10 минути а може и пократко.

Користење премногу гел за туширање
Што поголема пена прави гелот, тоа помалку има природни состојки во неговиот состав. Тоа значи дека пената го уништува вашиот природен заштитен слој на масло, што доведува до сувост и рапавост на кожата.

Користите стари и мокри сунѓери
Мокрите сунгери се совршени за развој бактерии и затоа најдобро е да ги менувате на секој 4 недели. Обидете се наместо сунѓер да користите памучна крпа која се пери лесно во машина за перње. Исклучително е битно таа добро да се исцеди и да се исуши после секое користење.




Коментари

[fbcomments]