Категории

Гулаш приготвен во рерна: Уживајте во овој единствен вкус! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт за гулаш сигурно ќе ги воодушеви вашите најблиски! Гулашот за многумина е омиленото јадење, а овој рецепт е малку поразличен од вообичаениот.

Состојки:

  • 5 лажички брашно
  • половина лажичка сол и бибер
  • 700 гр јунешко месо исечкано на коцки
  • 1 голем кромид и 3 чешниња лук
  • 3 лажички масло
  • 1 л јунешка супа
  • 400 гр сос од домат
  • 4 големи компири
  • 4 моркови
  • 200 гр грашок од конзерва

Подготовка:

  • Промешајте 4 лажички брашно, сол и бибер, па ставете ги во кесичка за фрижидер.
  • Во смесата ставете месо и промешајте го во споменатата масаS.
  • Кога ќе ја завршите таа постапка во кесичката треба да остане малку брашно, па додадете му ја преостанатата лажичка.
  • Во голем сад на масло пропржете го кромидот, лукот и месото во брашно, па постапно додавајте супа и сос од домат.
  • Покријте го и гответе го во рерна на 180°C два часа.
  • Потоа додадете ги компирите и морковот, па гответе го уште еден час, а пред крај додадете го и грошокот од конзерва.
Прегледи:
1829
Објавено на:
11.01.2019