Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Сите редовни корисници на апликацијата HalkEco на Халкбанк, како и оние што допрва ќе ја
симнат и ќе ја користат апликацијата со која банката поттикнува формирање здрави животни
навики, можат да освојат ваучер во вредност од 3.000 и 5.000 денари за купување спортска
опрема. Ваучер од 5.000 денари може да освојат оние што со пешачење, трчање, возење
велосипед или тротинет ќе соберат 1500 HalkCoins, а предвидено е доделување 60 вакви
ваучери, додека за собрани 900 HalkCoins ќе се доделат 150 ваучери во вредност од 3.000
денари.
Халкбанк како прва еко банка ја разви мобилната апликација HalkEco што има за цел да ги
поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност
банката засадува дрвја. На овој начин, HalkEco поттикнува формирање здрави навики,
охрабрува физичка активност и подига еко свест како индивидуална одговорност за животната
средина.
„Апликацијата HalkEco стартуваше во октомври минатата година и задоволни сме што ја
користат речиси 5.000 корисници кои со своите физички активности секојдневно
придонесуваат за намалување на емисијата на CO2 и обезбедуваат нови дрвја. Нашата
статистика зборува дека корисниците на апликацијата досега имаат поминато над
306.000 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет. На овој начин,
тие ја имаат намалено емисијата на CO2 за 38.391 кг. Со новите категории подароци кои
ги воведуваме сакаме да поттикнеме уште поголемо користење на апликацијата бидејќи
со тоа заеднички ќе придонесеме за заштита на животната средина“, вели Маја
Наумовска, директор за корпоративни комуникации и маркетинг во Халкбанк.
Сите што ја имаат симнато апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја
физичка активност, добиваат HalkCoins. Во текот на работните денови и за време на градскиот
метеж, односно од 07:30 до 09:30 и од 15:30 до 17:30, секој километар вреди 2 HalkCoins, за
време на викендите 0,5 HalkCoins и останато време носи 1 HalkCoin.

Банката преку вредни подароци и финансиски олеснувања за своите услуги што ги доделува
според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни,
наместо да користат возило или јавен транспорт. Едни од најатрактивните се финансиските
поволности како намалени каматни стапки и надомест за обработка на кредити, бонус поени
на кредитни картички, зголемени каматни стапки за депозити, гратис осигурителни полиси,
велосипеди, електрични тротинети и ваучери за спортска опрема.




Коментари

[fbcomments]