Категории

Халки е името на новата маскота-слонче за Детско штедење на Халкбанк

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на штедењето со промоција на својата нова маскота

По повод 31 октомври, Светскиот ден на штедењето, Халкбанк за првпат ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слончето Халки!

На настанот посветен на децата и на штедењето, кој се одржа вчера во филијалата на Халкбанк во Лептокарија, банката официјално го прогласи победникот од неодамнешниот конкурс за именување на слончето и му врачи штедна книшка во вредност од 10.000 денари.

На конкурсот за именување на слончето, кој се спроведуваше од 12 до 21 октомври на страницата на Фејсбук на Халкбанк, од пристигнатите 2.400 предлози, избрано беше името „Халки“ на среќната добитничка Елеонора Коцеска.

„Самиот процес на креирање на нашата нова детска маскота беше толку забавен што посакавме да го споделиме и да им дадеме шанса на децата да се вклучат во него, со цел да може натаму лесно да се идентификуваат со новиот лик и преку него да учат да создаваат навики за штедење од најмала возраст. Детското штедење е исклучително важен продукт за Халкбанк и со сите активности што ги правиме за негова промоција, сакаме да влијаеме во насока на подигнување на свеста за рано штедење. Така, всушност, и вложуваме во посигурна и среќна иднина“, изјави Маја Наумовска-Савеска од Дирекција за односи со јавност во Халкбанк.

Инаку, по повод октомври ‒ месецот на штедењето, Халкбанк секоја година реализира различни активности за децата, со цел промоција на Детското штедење, а овој пат секоја филијала беше отворена и приспособена за децата. Во филијалата во Лептокарија беше организиран и поголем настан, на кој беа присутни голем број деца од повеќе основни училишта и градинки од Скопје, кои имаа можност да се дружат со Халки, да учествуваат во богатата програма и да учат за штедењето.