Хаос во домот – хаос во главата! Што открива вашиот неред за вас?

Има луѓе кои често го чистат својот дом и немаат голем проблем на таа тема, но има и такви за кои чистењето е најголемата ноќна мора. Без разлика во која категорија сте – чистотата на домот зборува многу за вас. Дури и начинот на кој се прави нередот ја открива психолошката страна на човекот. 

  • Стан во кој како никој да не живее

Некои домови оставаат впечаток како да се користат само за спиење. Малку мебел, минимален број на садови за готвење и јадење, нема рерна, машина за перење на алишта и целиот дом е чист. Ова е нормална појава ако сте студент кој го користи станот за да има можност каде да се истушира и да преспие. Но, ако со години живеете во стан во кој ги нема неопходните работи за нормално функционирање- тоа може да биде знак кој укажува на одредени психолошки проблеми. Еден од главните е сериозна незрелост.

  • Оставање на отпадот во фиоките, плакарите, кутии

Кога ќе се фрли поглед на станот тој остава впечаток на чист стан. Фини тапети, подредени книги на полиците, чист под.. Но, во фиоките и плакарите се наоѓаат многу скршени, неупотребливи работи, искинати алишта.. Личноста која живее во тој стам сака да ги покажува своите добри страни и многу нејзини постапки се со цел да добие восхит и позитивна критика од околината. Поважно и е станот да делува чисто, отколку тој и навистина да е чист, па затоа полесно е да се скријат непотребните работи, наместо да се сортираат.

  • Неуредно работно катче

Просторот за работа е една од најинтересните работи за анализирање од психолошки аспект. Некои луѓе се ставаат во фиоки, фасцикли, полици. На други пак не им смета хаосот- листови, пенкала, чаши, уреди на сите страни, а сето тоа прекриено со прашина. Во прашање се луѓе со висока самодоверба, но недоволна зрелост.
Дури и ако се е во хаос, сепак можете ефикасно да работите и лесно да пронајдете се што ви е потребно. Нередот не е секогаш лош- често претставува знак за креативна и инвентивна личност.

  • Преполн судопер, корпа за веш, канта за отпад

Многу малку луѓе може да се пофалат дека обожаваат да чистат, но некои од нив толку многу го мразат чистењето што почнува да делува застрашувачки- премногу смет на балконот, планина од нечисти садови во судоперот.. Одложувањето на обврските е проблем со кој многумина се борат, а често тоа може да се забележи преку нечистиот дом. Сите знаеме дека е многу полесно секој ден да се одвои малку време за чистење, наместо подоцна целиот ден да го поминеме чистејќи, но луѓето не престануваат да пронаоѓаат изговори за одложување. Утре, подоцна, не можам сега.. Во суштина, се работи за мрзелива личност која мора сама да ги победи своите навики.

  • Дом во кој се е старо

Некои луѓе поминуваат многу години во стан со застарени и пропаднати тапети, ги чуваат работите во кутии затоа што со години не купуваат полици.. Тоа е луѓе кои тој стан го чувствуваат за повремен, затоа што длабоко во себе сакаат да се преселат во друг стан, друг град, да пронајдат работа во странство.. Тие чекаат некоја голема животна промена иако тоа може да потрае со децении.
Според ставовите на психолозите, тие луѓе живеат во иднината и на светот гледаат со розови наочари. Сегашноста за нив претставува привремен „проблем“ кои мораат да го истолерираат. Но, од друга страна, тие често немаат никаков план, едноставно живеат надевајќи се дека состојбата магично ќе се промени сама од себе.

  • Неуредно купатило

Топлата купка или разладениот туш имаат неверојатно влијание на расположението. На начинот на кој човекот се грижи за своето купатило- така се грижи и за своето тело и менталното здравје. Во секој случај, човекот кој се грижи за хигиената никогаш нема да користи нечиста када. Чистотата на купатило покажува колку тоа често се користи, а бројот на шишиња со лосиони и купки- колку се грижите за својата хигиена.

  • Неуредна кујна

Кујната би требало да биде најчистото место во куќата затоа што таму готвиме и јадеме. Дури и мрзеливите кои не поднесуваат чистење- ја одржуваат кујната чиста од здравствени причини, но има и такви на кои не им пречат дамките од масло, кафе, чај..
Психологијата смета дека реткото чистење на куќата е знак за депресија. Луѓето немаат волја да ја чистат куќата, не мислат дека тоа е важно и многу често не се почитуваат себе си доволно и мислат дека не заслужуваат да живеат во чист дом.

  • Премногу работи

Некои луѓе многу тешко се откажуваат од работите кои ги сакаат. Ова најверојатно го имате забележано многу пати- чаши кои никогаш не се користат, стар мебел кој со години стои на балконот или во гаражата, стар велосипед кој никој не го вози.. Во најдобар случај- се работи за конзервативна личност. Тие не сакаат ништо да менуваат и сакаат да се скријат од сите множни промени. Во најлош случај- се работи за компулсивно растројство и личноста чувствува потреба да ги чува сите стари работи, па дури и да носи нови непотребни.

  • Премногу чиста куќа

Нема ништо лошо да сакате да живеете во чист простор, но ако сето ваше внимание е насочено само на чистењето- тоа може да биде сигнал за психолошки проблем. Тие луѓе не сакаат да имаат гости затоа што се плашат дека нешто ќе испрлјаат и ќе го нарушат нивниот совршен ред.
Ако секој ден детално чистите чиста куќа заради страв од нечистотии и бактерии, се работи за анксиозност или хипохондрија. Ако ја забележувате секоја дамка, станува збор за опсесивен перфекционизам.

 

 

 

 




Коментари

коментари