Категории

HAPPY WEEK акција во НЕПТУН – големи попусти и рати без камата!

HAPPY WEEK продажна акција во Нептун! Од 11-15-ти јуни, преку haPPy кредитот до 48 рати без камата или со кредитните картички до 24 рати без камата – лојалните купувачи ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени.

Сега е вистинско време за шопинг! Акцијата е активна на сите продукти од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди за: машини за перење алишта, фрижидери, клима уреди, телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони и мали апарати за домаќинство. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во нашата држава е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата.

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 26 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400.

За ОНЛАЈН купување и да ги погледнете деталите од продажната акција „haPPy week” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk