Категории

Хари Потер – Нешта за младиот волшебник кои ретко кој ги знае

Најпознатиот волшебник на денешницата низ книги и филмови разубави многу детства, но исто така остави и значајна трага во областа на кинематографијата.

Речиси не постои човек на светот кој не чул за Хари Потер и неговите авантури.
Иако ги има многу кои одбиваат да ги гледаат холивудските остварувања за овој јунак и неговите пријатели, авантурите на младиот волшебник огромната популарност ја стекнаа во кината.

Оние кои ги читале книгите за Хари Потер често сакаат да кажат дека во својата фантазија конструирале еден толку прекрасен магичен свет, што нити еден филм не може достојно да го прикаже.

Творците на овој филмски серијал имале тешка задача пред себе, и на сите ни е јасно колку се потрудиле може да се види од овие малку познати занимливости од снимањата.

1. Сцените со Дарслиеви во Шимшировата улица се снимени баш на таа улица.

2.Бувовите биле тренирани 6 месеци да научат да разносуваат писма.

3.Сите напитоци кои ликовите морале да ги испијат во филмовите биле всушност супа. На поголемиот дел од актерската екипа им биле омилени оние со моркови и коријандер.

4.На сетот биле донесени повеќе од 40 мачки за фотографирање за нивните фотографии да се најдат во канцеларијата на професорката Долорес Амбриџ. После фотографирањето, сите мачки биле присвоени.


5.Портретите кои се наоѓаат во ходниците на Хогвортс се инспирирани од членовите на екипата.

6.Како имитација на снег била употребувана сол.

7.Од вкупно 142 скалила колку што има во внатрешноста на дворецот Хогвортс, само едно е всушност конструирано за потребите на снимањата. Останатите биле умножувани со помош на дигитална монтажа на филмот.