Хавиер Бардем не знае кои се Кардашијан: Дали измислиле некоја вакцина па треба да знам кои се?

Популарниот заводник помеѓу актерите Хавиер Бардем гостувал во една емисија и со еден одговор ја зачудил јавноста.

Кога водителот го споменал најпопуларното американско семејство Кардашијан, дал одговор кој никој не го очекувал. Имено, тој навел дека не знае кои се тие, како и тоа дека не знае со што се бават.

„Не знам кои се Кардашијан, а и зошто би требало да знам? Дали можеби тие измислиле некоја вакцина или им помагаат на сиромашните?“, изјавил Хавиер во текот на гостувањето.

Дали кланот Кардашијан ќе се побуни поради оваа прозивка и дали ќе му одговори на Бардем останува да видиме.




Коментари

коментари