Родители во Индија си ги ризикуваат животите за да им помогнат на децата да препишуваат (ВИДЕО)

Родителите во Индија си ги ризикуваат животите качувајќи се на високите катови на едно училиште со цел на своите деца да им помогнат во решавање на тестот на крајот на школската година.

Неодамна на Интернет се појавила снимка каде се гледа како роднини и пријатели на учениците се качуваат на втор, трет и четврти кат со цел да им ги предадат белешките за препишување.

Повеќе од 600 ученици во последните три дена биле суспендирани поради препишувањето на тестовите во индиската сојузна држава Бихар, а снимката што ја видоа многу луѓе е снимена во училиште во Махнара.

 И во неколку други градови родители се обидуваат да им помогнат на своите деца да ги положат испитите, зошто како што изјавил еден родител за локална телевизија, тие мора да го прават тоа бидејќи наставниците не ги учат ништо и често се отсутни од наставата.

„Целото општество треба да се ангажира и да се спречи оваа појава каде родителите им помагаат на децата да препишиваат. Ги повикувам родителите и учениците да престанат тоа да го прават за да можат да се одржат фер испити“, изјавил министерот за образование П.К. Шахи.

Некои родители се уапсени, но уште не се обвинети.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=9zfC3kbOlQI[/tube]




Коментари

коментари