Категории

Херман Хесе: „Херој е оној кој има храброст да се соочи со својата судбина“

Херман Хесе бил германски писател, поет и сликар. Роден е на 2. јули 1877 година, а умрел на 9. август 1962 година. 

1. Ако некого мразиме, тогаш во неговиот лик мразиме нешто што е засадено во самите нас. Она што не е во нас самите, не нѐ возбудува.

2. Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо, а од денешниот ден со благодарност примаме сѐ што ни носи.

3. Љубовта не постои за да нѐ усреќи. Јас верува, дека постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.

4. Колку повеќе стареев, толку помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои ми ги пружаше животот и сѐ појасно сфаќав каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смисла. Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да сакаш значи сѐ, дека способноста да чувствуваме е она што му дава убавина и вредност на нашето постоење.

5. Херој е оној кој има храброст да се соочи со својата судбина.

6. Луѓето кои имаат храброст и карактер секогаш им се непријатни на другите луѓе.

7. Но среќата секогаш била таму каде што некој умеел да сака и да живее за своите чувства. Ако ги негувал, ако не ги газел и поттиснувал, тие му носеле задоволство. Убавината не му пружа радост на оној кој ја поседува, туку на оној кој умее да ја сака и да и се восхитува.

8. Патењето задава болка само затоа што му се плашиш. Тоа те прогонува бидејќи бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш. Мораш да сакаш. Сакај го патењето. Не се спротиставувај, не бегај од него.

9. Твојата омраза е тоа што ти нанесува болка и ништо друго. Патењето не е патење, смртта не е смртм ако ти не ги направиш да бидат тоа.

10. Сериозноста настанува поради преценување на времето. Но, во вечноста времето не постои, на вечноста и е доволен само момент за една шега. Светот е убав кога се набљудува без желба за потрага, едноставно, како дете.

Прегледи:
509
Објавено на:
30.12.2021