Категории

Херој на неделата: Овој човек три денови копаше дупка за да го спаси мачето Сречко! (ФОТО)

„Херој на неделата ми е зетко Jove Stojanovski кој 3 дена копаше дупка за да спаси мало маче кое паднало во јама! 22 саати копање за да се спаси едно мало преплашено душиче.

Откако се јавил во пожарна да побара помош го откачиле со зборовите: Ај бе па и ти па за едно маче се потресуваш, ај остави го таму, си засукал ракавите и почнал да копа. Сечел арматура, помрднувал камења и копал…првиот ден успеал да ископа доволно за да му стави храна, вториот ден успеал и вода да му симне и денес конечно мисијата е успешно завршена и мачето спасено! Секоја чест зетко, ретки се луѓето како тебе! Поклон до земја!
П.С Мачето си доби име Сречко и си го посвоија одма“, ова е објавата на фејсбук профилот на Бона Пауновска Тасевски која наиде на големо воодушевување кај јавноста.


Поради овој хуман гест, на кој, ќе се сложиме не би се решил секој, Јове Стојановски е нашиот херој на неделата.