Херојски момент на планинско куче кое спасува човек затрупан во снег

Иако повеќето луѓе се посветени на спасување и грижа за кучињата на кои тоа им е потребно, некогаш и тие не спасуваат нас.

Посветеноста и лојалноста на кучињата кон луѓето знае да биде нешто навистина посебно, а посебна е приказната за кучиња кои биле спасени и згрижени. Тоа може да се види од неодамнешното видео кое  Mountain Rescue Search Dogs England го споделиле во кое може да се види Фло, куче кое било спасено и тренирано да биде спасител.

Станува збор за организација чија цел е да ги тренира кучињата за пронаоѓае на луѓе во отсечени предели, кои настрадале при природни незгоди или други несреќи.

Како би било да сте затрупани во снег и да ги видите шепите на Фло?

 

„Флое е неверојатно интелигентно, самоуверено младо куче со одлична етика и мотивираност.“ стои на сајтот на оваа организација која сподели видео од вежба на која покажуваат како би изгледало спасувањето.




Коментари

коментари