Категории

Хит: Дали ќе и купите подарок на ќерката на Цеца?

Ќерката на Светлана Ражнатовиќ, Анастасија, на 25-ти мај ќе го прослави своето полнолетство, а со оглед на тоа дека стана позната личност поради тоа што е ќерка на славната пејачка, беше неминовно некој да започне шега од тоа.

На Фејсбук осамна настанот под називот “Kupovina poklona za Anastasijino punoletstvo” (Купување на подароци за полнолетството на Анастасија), каде во описот пишува: “Би ги замолил сите луѓе со добра волја да учествуваат во оваа акција, бидејќи Анастасија е највредното нешто што го има Србија”.

Моментално, повеќе од 7.000 луѓе се пријавија дека ќе “одат” на овој настан, додека покрај нив повеќе од 5.000 луѓе се заинтересирани да учествуваат во купувањето на подарок за Анастасија.

Многу луѓе од Македонија исто така се приклучија на настанот, а ако сакате и вие да бидете дел, кликнете тука.

Прегледи:
300
Објавено на:
16.05.2016