Категории

Хоаким Феникс откри дека улогата на Џокер му го промени животот

Професионалните актери често поминуваат низ застрашувачки процеси кога се обидуваат на што пореален начин да ја доловат психологијата на комплексните ликови. Интерпретирајќи го Џокер во истоимениот филм на Тод Филипс, актерот Хоакин Феникс, се соочи со бројни здравствени проблеми. Мораше драстично да ослабне и да помине низ низа ментални процеси.

Џокер е познат по тоа што е манипулативен психопат кој во се пронаоѓа хумор. Една од најважните карактеристики на неговиот лик е превртливоста која го прави недофатлив.
Фениксовите напори да ја прикаже агилноста на Џокер го доведоа до степен актерот да изгуби многу килограми, што имаше големо влијание на неговото ментално здравје.
Актерот ослабен околу 23 килограми подготвувајќи се за оваа улога а трансформацијата му донела ниса последици.
Актерот откри дека развил пореметување кое му донело тој да е константно опседнат со својата тежина, известува E News!.

Зборувајќи за менталното пореметување кое го добил, Феникс изјави: „Кога еднаш ќе ја достигнете потребната тежина, се се менува. Многу е тешко да се будите секој ден и да бидете опседнати со вишокот 100 грама и навистна тука почнува да се развива една ментална болест“

Актерот изјави дека во текот на припремањето за улогата бил подложен на константен притисок кој му налагал тој да мора добро да се припреми да влезе во психата на ликот на Џокер за кој вели дека е доста комплексен и бара тој да биде способен да се стави во негова кожа со цел да ја долови целосната комплексност.. „Тоа беше исцрпувачка задача, но открив многу аспекти од себеси за кои не бев запознаен“ – сподели актерот.

Прегледи:
626
Објавено на:
24.10.2019