Чек дис аут
Search

Хоакин Финикс го освои Оскарот за најдобар актер за улогата во филмот „Џокер“

Кој се смее сега? Хоакин Финикс го освои Оскарот за најдобар актер за улогата во „Џокер“. На синоќешното доделување на Оскарите, Хоакин Финикс одржа емотивен говор.

Овој актер важеше за еден од најголемите фаворити на овогодинешното доделување на Оскарите, а со својот говор предизвика овации во целата сала, порачувајќи дека не се чувствува подобар од своите колеги само затоа што освоил Оскар.


„Не се чувствувам подобар од своите колеги, бидејќи ја делиме истата љубов кон филмот и кон овој начин на изразување кој ми овозможи неверојатен живот. Не знам каде би бил да не постоеше глумата. Бев ничиј, некогаш бев груб, некогаш тежок за да се работи со мене. Многумина во оваа соба ми дадоа втора шанса“, искрено изјави Финикс и доби долг аплауз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Argonomi (@argonomi.tv) on


Тој исто така додал дека смета дека и неговите колеги актери се своевидни борци за правда, бидејќи им даваат гласови на некои кои не се слушаат.

 

Во категоријата за најдобар главен актер номиновани беа и Антонио Бандерс „Болка и слава“, Леонардо ДиКаприо „Беше еднаш… во Холивуд“, Адам Драјвер „Приказна за бракот“ и Џонатан Прајс „Двајца папи“.




Коментари

[fbcomments]