Категории

Холандските затвори се затвараат, бидејќи земјата станала многу безбедна

Во 2013 година 19 затвори во Холандија биле затворени бидејќи немало доволно осуденици кои требало да одлежат затворска казна. Сега, уште пет затвори се спремаат да ги затворат вратите до крајот на летото, пренесува  The Telegraaf.

Ова значи дека 2.000 работни места повеќе не се потребни, а ова е последица на трендот на опаѓање на криминалот кој започна во 2004 година. Проблемот од недостаток на затвореници отишол дотаму што минатиот Септември биле „увезени“ 240 затвореници од Норвешка, за да бидат полни затворите.

Што е тоа што придонело за намалување на криминалот? Истражувањата велат дека тоа се должи на законот за наркотици, фокусиран повеќе на рехабилитација отколку на казна и електронскиот систем за мониторник на движењето, што им овозможува на затворениците да започнат со нормален живот, односно да одат на работа и сл.

 

Ова придонело до енормно намалување на стапката на криминал, правејќи ја Холандија земја со 17 милиони жители и само 11.600 затвореници. Со што значи има 69 затвореници на 100.000 луѓе, додека на пример САД има највисока стапка на затвореници во светот со 716 затвореници на 100.000 луѓе.

Со оглед на фактот што Холандија „увезува“ затвореници само за да работат затворите, секоја земја може да научи нешто од нив.

 

Прегледи:
212
Објавено на:
09.06.2017