Категории

Холивудска насмевка или алкохол?

Зголеменото консумирање на алкохол има негативно влијание на мозокот, нивото на шеќерот во крвта, црниот дроб, но и на забите.

Затоа, доколку сакате да имате убава и здрава насмевка- бидете внимателни. Алкохолните пијалоци може да предизвикаат појава на парадентоза, во краен случај и губиток на забите. Затоа се советува по пиење на алкохол задолжително да се измијат забите. Не е тајна дека многу алкохолни пијалоци содржат големи количини на шеќер, па ако се конзумираат во комбинација со газирани пијалоци-дополнително ја оштетуваат забната глеѓ. Алкохолот исто така може да предизвика и сувост на усната шуплина, што доведува до побрз развој на бактерии. Консумирањето алкохолни пијалоци влијае не само на квалитетот, туку и на бојата на забите. Холивудска насмевка или алкохол- изборот е ваш!

Прегледи:
426
Објавено на:
22.03.2019