Холивудски фризури: Најдобрите 5 од Златните Глобуси

На црвениот килим на Златните Глобуси продефилираа холивудските диви кои секогаш инспирираат за нови трендови, како со облеката, така и со фризурите.

Повеќето од фризурите се едноставни и може да ги носите секој ден, за нивното правење не се потребни стручни лица, па со малку труд ќе имате фризура како холивудските диви. Ова се едни од најдобрите.

Емили Блант

Направете патец на средина и направете француски плетенки на двете страни. Зацврстете ги плетенките во мала пунџа или пак краевите ставете им ги под другата плетенка.

Кејт Хадсон

Фатете ја убаво косата во ниско репче. Потоа фатената коса истапирајте ја за да и дадете волумен, а потоа извртете ја во пунџа и зацврстете со шноли.

Ејми Адамс

Со голема четка исфенирајте ја косата, а обрнете внимание на корените, фенирајте во спротивна насока за да создадете волумен на косата. Потоа со поголемо фигаро лесно извиткајте поголеми прамени и благо исчешлајте или само поминете со прсти низ косата за да ги создадете овие бранови.

Кери Вашингтон

Со мало фигаро направете мали и јаки локни. Предниот дел од косата зацврстете го на круната од главата, малку подигнато, а потоа целата коса фатете ја во високо репче. Мали прамени од косата виткајте ги и зацврстувајте ги околу репот, за да го создадете овој изглед.

Сиена Милер

Со фигаро со средна големина создадете благи локни. За „неуредниот“ изглед, виткајте ги локните во различни насоки. Завршете со нанесување восок или друг продукт кој ќе и даде текстура на вашата коса.




Коментари

коментари