Категории

Хормонски дисбаланс: Што кога хормоните лудуваат?

Нашите хормони се ситни хемиски сигнали кои патуваат низ нашето тело и им испраќаат на органите порака, да го намалат стресот, да го забрзаат метаболизмот, да изградат мускули и слични процеси. Нашите навики и начинот на живот играат клучна улога во одржувањето на хормонскиот баланс што е многу важен за нашето здравје.

Ако немате здрави навики, можете да ја платите цената со тоа што ќе го нарушите балансот на хормоните, што негативно ќе влијае на вашето здравје. И додека во разните апчиња бараме решение за смирување на хормоните, тоа се наоѓа пред нас во форма на здрави навики, како што се здрава исхрана, честа физичка активност и здрав сон.

Постојат неколку знаци на хормонаски дисбаланс, кои можете да ги забележите во себе и навреме да реагирате за да ги вратите хормоните во нормала:

 

  1. Тешко ви е да се разбудите

 

Ако ви е навистина тешко да се станете од кревет, тоа значи дека ритамот на производство и циркулацијата на вашите хормони е нарушен, што прави да се чувствувате слаби и уморни. Велат дека нивото на кортизол во крвта треба да биде високо наутро за да го разбуди вашиот мозок и да ве подготви за наредниот ден. Ако вие не можете да станете од кревет, можеби циркулацијата на кортизол во крвта е нарушена.

Ако големата количина кафе што ја пиете во текот на денот, или доцните ноќни излегувања, го одложуваат и му сметаат на вашиот здрав сон, можеби сте ја нарушиле хормоналната циркулација на кортизол, за што е потребно многу повеќе време за да се разбудите.

Ако сакате да ја регулирате циркулацијата на кортизол, ќе биде доволно целосно да ги елиминирате кафето и алкохолните пијалоци, барем 7 дена. Првично, ќе бидете раздразливи и ќе ви биде тешко, но наскоро ќе забележите дека вашите утра се многу подинамични и енергични.

 

  1. Ја губите енергијата после оброкот

 

Ако уживате во оброк богат со јаглехидрати, после ручекот ви се спие и се чувствувате уморни и исцрпени. Ова може да биде знак дека имате проблеми со инсулинот. За вашето тело да функционира после ручекот, вашето тело треба да произведе повеќе инсулин, оваа количина на инсулин природно се намалува неколку часа по оброкот, но ако не сте во можност да ослободите повеќе инсулин после јадење, имате хормонаски дисбаланс.

Доколку сакате да го решите овој проблем, обидете се да го минимизирате внесот на јаглехидрати за да го контролирате нивото на шеќер во крвта. Ова ќе ја врати количината на инсулин во рамнотежа, што ќе го спречи проблемот со прекумерна тежина и постојан замор. Кога вашето тело има дисбаланс на инсулин, вашиот метаболизам станува побавен.

 

  1. Постојано сте гладни

 

Лептинот е хормон кој ја регулира вашата ситост, а кога е во дисбаланс, чувствувате постојана потреба за храна. Ако постојано сакате уште нешто друго, особено слатко, тогаш нивото на лептин во крвта е многу низок. Кога јадете многу јаглехидрати, се лачи многу инсулин, што го блокира лачењето на лептин и како резултат, имате потреба да јадете повеќе, што во никој случај не е добро ако сакате да имате витка линија.

Стресот исто така може да биде причина за низок лептин во крвта, па затоа не треба да ве изненадува што во стресни ситуации имате посебна желба за слатки.

Доколку сакате да го решите овој проблем, обидете се да ја задоволите потребата за слатки со малку овошје или коцка црно чоколадо.

Прегледи:
590
Објавено на:
11.09.2019