Хороскоп – На кого во блиска иднина ќе му се остварат соништата: Астро прогноза за секстилот на Сатурн и Нептун (до 21 ноември 2019 година)

Хороскоп – од вчера владее секстилот на Сатурн и Нептун! Еве кого го очекува голема радост до 21 ноември …

Од 8-ми ноември, Сатурн и Нептун ќе бидат во секстил и ќе помогнат да ги оствариме нашите соништа. Аспектот ќе биде на сила се до 21 ноември.

Сатурн е реалист, градител, приземен, ни помага да создадеме структура, да планираме и материјализираме. Нептун е волшебник, визионер, со него влегуваме во светот на имагинацијата, соништата и идеите.

И кога овие две енергии на земјата и небото се спојуваат во танц на хармонија и разбирање, се остварува долго посакуваната цел или сон.

Но, ништо не се прави само од себе. Потребно е да имате намера.

Исто така, неопходно е да се дејствува по таа намера и да се дозволи околностите да водат, да ги набудуваме и да видиме што ни кажуваат.

Како овој аспект ќе влијае на вас лично, главно зависи од тоа каде ба вашата натална карта се наоѓаат овие две планети, но сигурно е дека некако можете да знаете кој сон сакате да го постигнете во блиска иднина.

Затоа, движете се напред со верба во реализација и не се вртете кон минатото.

Кликнете на сликата подолу, бесплатно креирајте ја вашата натална карта и дознајте во која куќа ви се наоѓаат Нептун и Сатурн!




Коментари

коментари