Категории

Хороскоп – овие 3 знаци ги очекува ризичен период за време на владеењето на Шкорпијата (до 23 ноември)

Еве кои хороскопси знаци ќе имаат најмногу проблеми за време на владеењето на Шкорпијата:

Владеењето на Шкорпијата започна на 23 октомври и ќе трае до 23 ноември, а еве кои знаци од Зодијакот ги очекува ризичен период.

 

Шкорпијата сака тајни и секогаш останува доследна на себе. За многумина таа се смета за студена и резервирана и баш поради тоа некои знаци од Хороскопот ќе имаат проблеми во врските за време на нејзиното владеење.

Во овој период се открива темната страна и се дискутира за табу-темите. Сепак, колку и проблеми да донесе, владеењето на Шкорпијата за некои знаци ќе биде неверојатно искуство што ќе им значи на патот на трансформацијата и во идните ризични ситуации.

Еве кои хороскопси знаци ќе имаат најмногу проблеми за време на владеењето на Шкорпијата:

 

Овен – зголемени страсти

Темни сенки влегуваат во вашиот живот преку огнениот темперамент и засилената страст. Силните емоции честопати ќе ве доведат во непријатни ситуации. Сонцето е во вашата осма куќа, односно куќата на трансформацијата и интимноста, па ќе имате ненадејна промена во животот што ќе мора да ја прифатите. Сепак, во секоја темнина наѕира светлина, така што овој период ќе ви донесе прекрасни работи на патот на самореализацијата. Испитајте ги своите чувства, запознајте се подобро себеси и полесно ќе се препуштите во вртоглавата лавина на промени.

 

Стрелец – негативна карма

 

Стрелците се деца на Јупитер и не е типично за нив да бидат мистериозни. Сепак, владеењето на Шкорпијата ги вплеткува во мрежа на тајни. Сонцето е во вашата 12-та куќа која што се однесува на крајот, почетокот, духовноста и кармата. Нешто што сте криеле во минатото, сега доаѓа на виделина. Ве очекува мистична серија на настани што можете да ги поврзете со кармичките долгови. Медитирајте, шетајте во природа и добро спијте за овој период да го поминете што е можно побезболно.

 

Лав – помешани чувства

 

Ве очекуваат непријатни чувства, меланхолија и преиспитување на личноста. Сонцето е во вашата 4-та куќа која што се однесува на домот, семејството и емотивните рани. Некои сенки се мешаат во вашите односи, чувствата ве збунуваат, а вие само сакате засолниште и безбедност. Немојте премногу да ги анализирате идните настани и оставете животот да ве води во вистинската насока.

Прегледи:
362
Објавено на:
02.11.2019