Хороскопски знаци кои во својот речник ги немаат зборовите „Те сакам!“

„Те сакам!“ – едноставна и кратка реченица, и толку моќна. Не можеме сите лесно да ја изговориме, но сите сакаме да ја чуеме.
Споре астролошките пропорции, овие хороскопски знаци се особено тешки кога е во прашање искажувањето на чувствата. Може да поминете цел живот покрај нив а да не ги чуете овие два збора како излегуваат од нивната уста.

ДЕВИЦА
Припадниците на овој знак имаат вродена потреба се да биде совршено, вклучувајќи ги и односите. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства. АКо сметаат дека во љубовниот однос нешто не е како што треба, се воздржуваат од изјавување љубов додека се не биде онака како што мислат дека би требало да биде.

ШКОРПИЈА
Шкорпиите не сакаат промени и влегување во нови врски. За нив е правило да останат со партнерот и во добро и во зло. Меѓутоа, иако уште од почетокот се предадени на љубовната врска, тие ќе кажат „Те сакам“ само ако се 100% сигурни дека врската е сериозна и силна затоа што не сакаат прерано да покажат ранливост и да бидат повредени.

БЛИЗНАЦИ
На овој знак му е потребно многу време да се вклучи во нова врска, а посебно отворено и без потешкотии да ги искажи своите чувства. Близнаците се љубопитни и често размислуваат дали постои некој подобар за нив, па тешко им е да стапат во сериозна врска. Близнаците ќе ги искажат своите чувства доколку некоја личност вистински им значи и кога ќе видат дека им е комплетно предадена, тие нема да кажат „Те сакам“ но ќе го искажат тоа со други гестови или зборови.




Коментари

[fbcomments]