Категории

ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ КОЈА ОД НИВ ЌЕ ВИ ГО СВРТИ ПАМЕТОТ И КАКО

Овен
Жените Овни можат да бидат вистинска досада за мажите. Доколку фрли око на несреќникот, а на него  му се случи да одбие женска понуда, тогаш таа навистина физички се наметнува. Едноставно таа мора да го добие она што го сака. Своите закани лесно ги остварува бидејќи неретко овие жени се со машка градба, широки рамена и тесни колкови. Нејзиниот стил е агресивен, а пристапот директен. Таа сака да го има, а посебно ќе биде среќна ако таа прва го направи.

Бик
Долго ќе мудрува и ќе крои планови како да го заведе. За таков чекор најчесто се одлучуваат разведените или на оние кои бракот не им овозможува среќа и задоволство. Ќе го запримети во рестораните или слаткарниците каде ќе свати дека тој е вистинскиот човек за неа. Упорно од ден на ден ќе му биде се поблиска, а тој ќе почувствува така одеднаш дека нечии нови раце го милуваат.

Близнаци
Овие жени многу зборуваат и со својата елоквенција во состојба се да го завртат скоро секој маж. Се разбира нивниот неодолив шарм нема да запали ,на пример кај сериозниот и карактерниот Јарец,  но затоа сите други може лесно да ги улови. Тие се толку уверливи што можат да направат мажот да заборави како се вика, со денови да ги чека дома, а мораат да одат на некој состанок и на крајот со малку зборови да завршат во неговите прегратки.

Рак
Од овие жени едноставно не треба никој да се плаши. Ретко се случува жената Рак да почувствува потреба на некого да му се наметнува. Доколку тоа и го направи тогаш страда нејзиниот сопруг. Тоа толку ретко се случува да воопшто сопругот на жената рак не треба да се плаши. Желбата за наметнување ќе му остане исклучиво во нејзината фантазија. Таму таа редово на некого му се наметнува и го малтретира се додека не го види во реалноста, тогаш за кратко се предомислува.

Лав
Кај има бука и галама таму ќе ја најдете и Лавицата. Неа одма ќе ја препознаете бидејќи ќе биде одговорна за тоа. Доколку одговарате на нејзините замисли и покажете само малку интерес-готови сте. Нејзиниот силен сексуален нагон и желбата да владее со мажите ќе ја запечати вашата судбина. Освојувањето ќе биде агресивно, а тоа ќе и прави големо задоволство.

Девица
Овие жени имаат попаметни работи отколку да бркаат мажи. Таа е мирна и ладна и само понекогаш мала искра на еротика и страст ја заигрува нејзината душа. Доколку се случи тоа, Девицата сигурно претходно ќе пресмета дали и се исплаќа да превземе таков чекор. Доколку пресметките и се исплаќаат тогаш преминува во акција. Нејзиниот стил ќе биде циничен, а за евентуалниот неуспех, се разбира ќе ги обвини другите.

1 2

Прегледи:
536
Објавено на:
17.05.2016