Хотел Континентал – местото каде што се соединуваат успехот, уживањето и љубовта!

Во нашиот град постои место каде што започнуваат сите среќни приказни. Место каде што се соединуваат успехот, уживањето и љубовта. Ова место изобилува со софистициран и модерен изглед, нудејќи удобност која поставува нови стандарди во луксузното живеење. Хотелот Континентал, најголемиот хотел во Р. Македонија ви нуди безброј решенија за сите ваши потреби.

 

Хотелот Континентал веќе речиси пет децении успешно ја шири и надоградува својата дејност, креирајќи нов модел во удобноста на живеењето, престојот, конференциите, прославите. Бренд кој постојано ги следи светските трендови во својата област прилагодувајќи се на потребите на своите многубројни клиенти.

Континентал располага со 200 комплетно опремени соби, 6 апартмани, еднокреветни и двокреветни соби и трокреветни соби. Постојат две категории на соби: Луксузни и Стандардни прилагодени според можностите и потребите на секој посетител.

Хотелот располага и со бар и ресторан каде што може да уживате во вашиот омилен специјалитет подготвен од врвните мајстори, како и да се опуштите со вашиот омилен пијалак.

Покрај собите за престој и угостителските услуги, Хотел Континентал е единствениот хотел во Скопје кој нуди вакви можности кога станува збор за големината и капацитетот на салите за конференции и настани. Хотелот располага со дури шест сали за настани и конференции кои се прилагодуваат според потребите на настанот со капацитет од 20 до 400 гости.

За крај ги оставивме љубовните приказни кои започнуваат токму тука. Низ годините Хотелот Континентал ја слави љубовта пренесувајќи ја традицијата во модерното живеење, секогаш нудејќи квалитет, организација и сѐ што е потребно за да го доживеете вашиот ден од соништата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on

Нудејќи шест затворени сали и две отворени градини, Хотел Континентал е се совршеното место за свадби и коктели и секаков вид на свечености. Единствено на ова место ќе најдете дури шест мениа прилагодени на вашите потреби кои нудат голем број на специјалитети и богат избор на храна.

Освен тоа, со избирањето на некоја од салите или градините за вашата свадба, добивате голем број на поволности бесплатно. Невестинска торта, соба за младенците, снимање и фотографирање на вашата свадба, покани за гостите, како и патување за вашиот меден месец се само дел од услугите кои ги добивате гратис. 

Традиција, искуство, успех и модерен начин на живеење, затоа што вие заслужувате да го добиете најдоброто!




Коментари

коментари