Категории

Храна која е безбедна да ја оставите надвор од фрижидер

Се трудиме да фрламе што помалку храна, а сепак, во дилема сме дали можеме да оставиме нешто да преноќи надвор од фрижидер, особено во наредните летни денови.

Сигурно ви се случило неколку пати да оставите малку храна на масата или во кујната, па следниот ден да се запрашате дали е безбедно за јадење. Има намирници кои бараат ладно и им треба фрижидер, има и такви кои не можат да се држат долго отворени, но има и такви кои можат да издржат неколку дена, а сепак да бидат совршен оброк.Но, да не заборавиме, има и намирници кои никако не смеете да ги оставате во фрижидер, како лебот.

Леб
Не треба да се чува во фрижидер бидејќи така ќе се постигне контраефект и ќе се исуши. Лебот може да остане неколку дена отворен и да се јаде, само прашање е колку го сакате свеж, но сигурно нема да му недостига ништо ако остане пет дена.

Пити и колачи
Особено кога станува збор за овошни пити, чувајте ги два дена на собна температура, а следните два можете да ги чувате во фрижидер, но после тоа не е безбедно за јадење. Колачите во кои има јајца не треба долго да стојат надвор од фрижидер.

Путер
Можете да го чувате на собна температура неколку дена, но доколку сте го направиле сами, тогаш потребно е да го чувате во фрижидер.

Мед
Апсолутно не мора да стои во фрижидер, дури е идеално да биде на собна температура. Кечапот исто така не мора строго да се чува во фрижидер, но мислењата за ова сè уште се поделени.

Сирење
Сирењата можат да останат надвор од фрижидер до шест часа, додека на пример пармезанот може да биде надвор од фрижидер до 24 часа и да биде безбеден за јадење.

Овошје
Банани, јаболка, мандарини, лимони, лубеници… Овошјето не мора да го чувате во фрижидер, а по седум дена стоење можете да го ставите таму за да остане свежо уште неколку дена. Меѓутоа, ако сте почнале нешто од тоа, тогаш треба да го оставите на поладно место поради развојот на бактерии.

Зеленчук
Истото важи и за овошјето. Фрижидерот не е потребен освен ако веќе сте почнале да јадете дел од него, дури и зеленчукот е поудобен на собна температура отколку на ладење.

Прегледи:
68
Објавено на:
19.05.2022