Категории

Храна која го подигнува расположението и го редуцира стресот

Иако недостатокот на хранливи материи многу ретко предизвикува стрес, сосема е јасно дека под такви околности се зголемува клеточната активност на организмот, а со тоа и потребата на организмот за хранливи материи.

Со соодветна исхрана, на пример, можеме да имаме корисен ефект врз намалување на стресот и намалување на негативните биохемиски и физиолошки ефекти на стресот и стресните агенси. Хранливи материи кои се „критични“ за време на стресниот период вклучуваат витамини А, Ц и Е, витамини од групата Б и минералите цинк, селен, калциум, магнезиум и калиум.

Бразилски орев
Бразилските ореви се производ со најголема содржина на селен. Истражувањата покажаа дека луѓето на кои им недостасува оваа супстанца се повеќе склони кон депресија, раздразливост и хроничен замор. Доволни се само три ореви на ден.

Остриги
Овој морски деликатес е познат не само по својот уникатен вкус, туку и по својата висока содржина на цинк, неопходен за репродукција на енергија и мозочна функција. Покрај тоа, овие школки придонесуваат за создавање на тирозин во организмот, аминокиселина која помага при ублажување на нервната напнатост. Само три парчиња се доволни за подобрување на расположението.

Банани
Бананите се складиште на корисни микроелементи. Меѓу другите – аминокиселини триптофан, како и витамини А, Б6 и Ц, растителни влакна, калиум, фосфор, железо и здрави јаглехидрати. Здравите јаглехидрати помагаат во апсорпција на триптофан, додека витаминот Б6 го претвора во серотонин, кој е одговорен за расположението. Половина банана наутро – и вие сте среќни.

Леќа
Тоа е комплекс од јаглени хидрати, така што леќата, како и бананите, го забрзува производството на серотонин. Исто така, помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, притоа одржувајќи го расположението. Покрај тоа, леќата е богата со фолати и железо. Дневната доза е половина чаша.

Темно чоколадо
Најпознат начин за подигнување на расположението е парче чоколадо, но во неговото најтемно издание и во умерена количина. Една неодамнешна студија во која 30 луѓе земаа 40 грама црно чоколадо за 14 дена, откри дека нивото на стресни хормони е намалено.

Овесна каша
Како што знаете, овесната каша е најдобриот појадок. Овозможува енергија во текот на денот, благодарение на бавните јаглехидрати. Друг плус е високото ниво на селен Во кашата додадете парчиња банана, семе од чиа, суви кајсии или путер од кикири.

Прегледи:
134
Објавено на:
07.02.2021