Категории

Храна која не би требало да ја конзумирате со алкохол

Доколку сте љубител на алкохол а особено на вино, добро е да знаете која храна не треба да ја конзумирате заедно со него. 
Некои од нив можат да ве дехидрираат и да ја зголемат желбата за уште повеќе пијалоци, а тоа обично завршува со главоболка следното утро. Исто така, пиењето алкохол на празен стомак или конзумирањето погрешна храна може да ве натера да пиете повеќе и да се чувствувате полошо.

И не е важно што јадете пред да пиете алкохолен пијалок, дефинитивно треба да се избегнуваат одредени видови храна.

Производи од млеко
Ако имате мачниини од алкохол, вашиот стомак се иритира, а млечните производи можат само да го влошат. Не пијте млеко пред или по консумирање алкохол.

Пица
За жал, пицата воопшто не се согласува со алкохолот, иако многу луѓе пијат пиво со пица. Најмногу поради сирењето што го содржи, а може да го наруши и варењето, особено ако го јадете доцна во ноќта.

Темно чоколадо
Иако мала количина на темно чоколадо има добар ефект врз здравјето, треба да се избегнува во комбинација со алкохол. Кофеинот, маснотиите и какаото во чоколадото може да доведат до проблеми со стомакот.

Многу солена храна
Избегнувајте храна што содржи многу сол бидејќи може да доведе до дехидрираност и тогаш имате потреба да ја „угасите“ жедта, претежно со алкохол. Ова не води кон добро, исто како и конзумирање солена храна. Покрај солената храна, зачинетата храна може да предизвика и проблеми. Може да го иритира желудникот и цревата, но исто така да доведе до отежнато варење.

Пржена храна
Да, добро оди со алкохол, но содржи и многу сол и маснотии. Следното утро може да имате гадење, а со тоа доаѓа и главоболка. Колку и да се незамисливи пилешките крилца без алкохол, сепак треба да ја избегнувате оваа комбинација.

Прегледи:
786
Објавено на:
04.01.2021