Категории

Со хулахопки направи неверојатна разлика пред и потоа!

Социјалните мрежи се преполни со инспиративни фитнес-профили и пред и потоа фотографии. Но, многу пати не ја гледате вистинската слика, а оваа девојка најде интересен начин да го покаже тоа.

23-годишната Мили Смит од Англија ги разоткри лажните трансформации со помош на хулахопки:

“Двете фотографии се сликани веднаш една по друга. Го сакам моето тело и на двете. Ниедно не е помалку вредно. Толку сме заслепени што ја заборавивме дефиницијата за убавина”, вели Мили.

Мили објавува и фотографии на кои ги разоткрива лажните трансформации со помош на фотошоп и покажува што навистина се случува и каква е реалната слика:

Исто така покажува како позиционирањето на телото прави разлика, и дека всушност се’ е до аголот:

Мили порачува: “Не се стремете кон совршенството кое не постои. Секое тело е убаво. Кажете му го ова на некого кому му е потребно да го слушне!”

Прегледи:
382
Објавено на:
02.02.2017