Категории

Хуманитарен настан за Сара во Зоолошка градина Скопје

Во сабота во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид.

Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.

Во Зоо Скопје веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани.

Да се обединиме сите за Сара!