Категории

И кога небото е најмрачно, сонцето сеуште свети таму некаде – Кога ви е најтешко, среќата сеуште ве демне!

Има денови кога човек треба да се охрабри бидејќи знае дека никој нема да му каже убави зборови. И така во тишина си велиш: Добро си направил. Само продолжи. Можеби звучи малку чудно првиот пат или можеби лудо, но вие ќе продолжите. Продолжете и покрај болките и падовите кога се наоѓате само на миг да се откажете од се и од секого. Кога со солзи сакате да ги закопате сите тие убави планови што ги имавте и да кажете дека ништо нема смисла и постои.

Има денови кога борбите во тишина се потешки и поболни од оние што сите ги гледаат. Денови кога треба да започнете одново, а ви се чини дека половина од флотата ви е потоната. Но, сепак можете да продолжите бидејќи остана уште еден брод со кој се е поинаку. И тоа се вика надеж. Има денови кога човек треба да сепоттурне и да каже: Не е се така црно. Зар ова сонце на небото не ти кажува ништо? Она низ што светот помина вчера, и повторно блесна од почеток. Одете напред, бидејќи малкумина се грижат дали ќе го направите тоа или не.

Прегледи:
93
Објавено на:
26.10.2021