И познатите добиваат „корпи“: Меган Фокс упорно одбивана од познатиот актер

Додека скоро секој маж денес сонува за актерка и модел Меган Фокс, која важи за една од најубавите жени на денешницата, познатиот актер Брајан Остин Грин не сакал да слушне за неа.

Иако подоцна по долго одбивање од страна на актерот, тие станаа пар и денес се во брак и имаат три деца, Брајан упорно и давал „корпи“ на Меган убедувајќи ја таа да се откаже од него.

Брајан во еден момент откри дека кога ја запознал Меган, таа воопшто не била од негов интересе, напротив, актерот веќе бил верен со актерката Ванеса Марсил.

Меѓутоа Меган не сакала да се откаже. На крајот тој попуштил, и тие влегле во врска која резултирала со свадба во 2010 година. Иако во 2015 година Меган поднела документи за развод од актерот, тие успеале да ги смират односите, и денес се во среќен брак во кој имаат 3 деца.




Коментари

[fbcomments]