СРЕЌА Е: И уплатила лото на другарката, а таа добила 400.000 денари

Сања Ј. е младата девојка од Скопје добитничка на лото 6 плус 1, во висина од 400.000 денари. Среќата и’ се насмеа во последниот месец од 2015 година во која се уште го немаше решено своето вработување.

Така оваа 28-годишна професорка можеше да прави планови како ќе ја помине Новата година заедно со нејзините две најдобри другарки со кои планираше да ја помине новогодишната ноќ. Но, дека со дел од парите ќе си купи нов мебел и телевизор веќе си зацртала, а секако, ќе покрие и нешто од семејните потреби, пренесува Утрински.

„Роденденот на мојата другарка Маја, 12 декември, беше среќниот ден кога јас станав единствената добитничка на лото во тоа коло, а самата не знаев за тоа. За Маја купивме заеднички подарок со друга другарка и се договоривме во ќесичката со подарокот да ставиме и едно уплатено лото-ливче со бројки што ние ќе ги избереме. Тоа требаше да ја оправда пораката што и’ ја испратив претходно, а во која покрај сите добри желби за роденден и’ посакав да има и добивка на лото. Тоа што се случи подоцна само потврди дека среќата што искрено се посакува на друг се множи и станува поголема“, вели Сања и додава дека на ливчето додале и некои бројки кои знаеле дека се среќни за славеничката Маја. Но, пред да излезе од дома, мајка и’ ја задржала на врата за да пополни и едно ливче за неа со бројките што секогаш ги играат.

„Кога мајка ми го донесе ливчето побарав два броја да ги замени со два други, а потоа на брзање и го зедов ливчето од раце и заминав во најблиското место за уплата, па се вратив дома да се подготвам за роденден“, раскажува Сања.

Роденденот им поминал во убаво расположение, дружба со смеа, разговор и музика. Но, за жал, немало дополнителна радост по извлекувањето на Лото, бидејќи ливчето наменето за Маја било недобитно. А, за она другото, за нејзиното, Сања воопшто и не се сетила, ниту прашала дома, ниту, пак, помислила дека е можеби добитно.

„Во еден часот по полноќ одлучивме роденденската забава да ја продолжиме во дискотека. Таму останавме до раните утрински часови, па утредента се разбудив доцна. Дури тогаш се сетив дека не прашав за моето лото ливче. Мајка ми ми рече дека четири броја на почетокот се совпаднале, но дека не го следела извлекувањето до крај. Го зедов ливчето, лаптопот пред мене и почнав да проверувам. Додека го правев сето тоа, мајка ми искоментира ’не паѓа лото кај нас, ќерко, паднала шестка тука во нашава населба‘. Дури и ми потенцира каде било уплатено добитното ливче. Си помислив, па и јас таму го уплатив, а потоа на глас извикав дека јас сум добитничката. Ниту на мајка ми, ниту на брат ми им се веруваше. А, јас, како споулавена шетав низ станот и уште неколку пати ги проверував среќните бројки 4,11,13,15,19, 29 и 31“, вели Сања.

Дури тогаш констатирала дека со мајка и’ не го впишале бројот 20, кој редовно го играат, а што ќе значело дека ќе имаат седмица! Следниот ден заедно со нејзината мајка се упатиле да си ги подигнат парите.

„Радост, возбуда и неверување дека на мојата до тогаш празна сметка ќе легнат толку пари. Сабота беше среќниот ден кога добив. И си реков, бидејќи среќата ми беше наклонета, за следното коло уште еднаш да и’ уплатам на другарка ми Маја ливче со истите бројки како што беше ливчето за роденденот, или да и’ речам самата да си го уплати. Но, заборавив да го сторам тоа, а не уплатила ни Маја. Кога вечерта имаше ново извлекување, повторно чудо, беа извлечени бројките од комбинацијата што беше на роденденското ливче на Маја. Имаше добитна шестка, ама овој пат на неуплатено ливче. Веднаш и’ се јавив да и’ кажам колку се разочарав. Тоа само беше потврда дека требаше да си ја следам среќата, а една недела по роденденот ќе и’ овозможев уште еден подарок на другарка ми“, вели Сања.

http://skopjeinfo.mk/




Коментари

коментари